Мајданпек без струја 44 часа, снемува и нафта за агрегати

Од:

Во Мајданпек кој поради хаварија на далекуводи нема струја веќе 44 часа ситуацијата е исклучително алармантна, а нов проблем е и недостигот од нафта за работа на агрегати.

Нема греење, а ниту вода, училиштата не работат, додека надлежните работат на санирање на оштетувања на далекуводи предизвикани од ледениот дожд и силниот ветар.

Во Мајданпек моментно е министерот за енергетика на Србија, Александар Антиќ.

Помошникот претседател на Општината Дејан Шкориќ изјави за Танјуг дека најнов проблем е и недостигот од нафта за работа на агрегатите за Здравствениот дом и локалната болница. Шкориќ вели дека вода веќе почнува да пристигнува од соседни општини, но граѓаните немаат пари да купат бидејќи не работат банките.

Според него, голем проблем е и немањето греење со што ситуацијата се приближува до хуманитарна катастрофа. Проблемите почнаа вчера околу 17 часот кога беше оштетен далекувод од 110 КВ кој ги напојува сите трафо-станици за снабдување на општината со струја.

Би можело да ве интересира

Потпишан Меморандум за соработка во полето на гасниот сектор со Србија

Ќе биде сместен во стаклена, затемнета “кутија“, вака ќе изгледа сведочењето на момчето убиец

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ