Иран нема извршено ниту еден воздушен напад врз џихадисти на групата Исламска држава во соседен Ирак, изјави денеска ирански официјален претставник, негирајќи ги тврдењата на Пентагон.
Пентагон, претходно соопшти дека Иран започнал воздушни напади врз Исламска држава во источен Ирак и дека САД не ги координираат воздушните напади и воени активности со Ирак.
– Иран никогаш не бил вклучен во ниту еден воздушен напад против ИД во Ирак. Секаква соработка за такви напади со Америка, исто така, не доаѓа во предвид за Иран, изјави ирански анонимен претставник.
Портпаролот на Пентагон Џон Кирби изјави дека САД веруваат дека Техеран извршил, најверојатно по првпат, воздушни напади од Иран на цели во Ирак.