Најмалку четири луѓе загинаа денеска при експлозија на бомба пред влезот во меѓународниот аеродром во сомалискиот главен град Могадишу.
Цел на терористичкиот напад бил конвој на ОН.
Според полицијата, во тој дел од аеродромот успеал да упадне терорист со автомобил бомба.
Во близина на инцидентот е кварт со странски претставништва.
Аеродромот се користи како база за операциите на ОН во Сомалија, а во тој реон се и амбасадите на Велика Британија и Италија.
Во нападот има и најмалку седуммина ранети, но засега нема прецизини информации дали жртвите се дел од конвојот.