Властите во Северна Кореја им забранија на своите граѓани да ги именуваат нивните деца по севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.
Според јужнокорејски извори, покрај со името на актуелниот лидер, Севернокорејците не смеат да ги крштеваат своите деца ни со имињата на неговите татко и дедо, Ким Џинг-ил и Ким Ил-сунг.
Ваквата одлука на властите се оценува како уште една мерка за зајакнување на култот на личноста на Ким Џонг-ил, кој стана севернокоресјки лидер по смртта на неговиот татко кон крајот на 2011 година.