Ирански воени авиони во последниве неколку дена извршија серија напади врз позиции на сунитската радикална џихадистичка група Исламска држава (ИД), соопшти синоќа портпаролот на Пентагон, Џон Кирби.
– Имаме докази дека Иранците извршиле напади со авиони Ф-4 Фантом, нагласи Кирби.
Изјавата на Кирби уследи откако телевизијата Ал Арабија емитуваше видео снимки на кои беше прикажано како авиони од типот Ф-4 вршат напади врз цели во ирачката провинција Диала во близна на границата со Иран.
Авионите од американско производство Ф-4 Фантом се уште се дел од иранското Воено воздухопловтсво.
Кирби нагласи дека ирачката Влада е должна да ги координира воздушните напди врз џихадистите што ги извршуваат вооружените сили на земјите вклучени во меѓунардоната коалиција за борба против ИД.
Портпаролот на Пентагон додаде и дека нема промена во политиката на САД во однос на одбивањето да се соработува со Иран.
Иранската армија е активна во пограничните региони меѓу Иран и Ирак и им помага на шиитските милитантни групи и на ирачките сили во борбата против сунитските бунтовници, но ова е првпат Вашингтон да потврди дека ирански авиони вршат воздушни напади врз ИД.
Според дипломатски извори, постојат созанина и дека Иран му отстапил на располагање на Ирак авиони од типот Су-25 со кои управуваат ирански пилоти.