Обама побара од Конгресот околу шест милијарди долари за борба против еболата

Од:

Американскиот претседател Барак Обама го повика вчера Конгресот да одобри формирање на фонд од 6,18 милијарди долари за борба против еболата, пред конгресмените да се повлечат на одмор по две недели.

Во обраќање во Националниот институт за здравство во предградието на Вашингтон, Бетесда тој истакна дека стратегијата на САД веќе почнува да дава резултати, но претстои уште многу да биде сторено.

– Не можеме едноставно да се бориме против таа епидемија, треба да ја ликвидираме, додаде американскиот претседател.

Во меѓувреме во Централната болница Масачусет во Бостон е примен пациент во специјално изготвен изолатор, соопштија претставници на болницата и нагласија дека дијагнозата се уште не е потврдена.

Според последните информаци на Светската здравствена организација досега од ебола починаа 6.070 лица, а заболени се 17.145. 

Би можело да ве интересира

Трамп: Утре ќе биде голем ден, ќе кажам се како што е

Ројтерс: Официјален претставник на УСАИД предупреди на последиците од недавањето помош, а потоа испратен на одмор

Хегсет: Америка ги суспендира операциите против Русија

Украинската амбасадорка за време на пресметката меѓу Трамп и Зеленски

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Тензични надвикувања, Трамп до Зеленски: Се коцкаш со Трета светска војна, не си благодарен

Предраг Петровиќ

Мексико екстрадираше нарко-бос и 28 други осуденици во САД