Во Велика Британија има околу 200 илјади Роми од Европа

Од:

Во Велика Британија има околу 200 илјади Роми, покажува најновото истражување на Универзитетот Салфорд, објаснувајќи дека станува збор за една од најголемите заедници на Роми во Западна Европа.

Ваквата проценка е многу поголема од досегашните верувања за бројот на Ромите, како и од претходните проценки на владините институции, од 2009 година, според кои во Британија „нема повеќе од педесет илјади“ припадници на ова европско малцинство.
Истражувањето доаѓа во време на распален евроскептицизам и засилена антиимиграциона кампања во домашните медиуми, при што за растот на имиграцијата се обвинуваат европските прописи и проширувањето на ЕУ кон поранешните комунистички земји од Источна Европа во 2004 година, како и симнувањето на блокадата за неограничено вработување на имигранти од Романија и Бугарија.

Ограничувањето беше повлечено на почетокот од оваа година кога и се разгоре антиевропската кампања, но истражувачите на Универзитетот Салфорд признаваат дека е исклучително тешко да се утврди колкав е бројот на Ромите кои дошле во Британија по 2004, а посебно по 2007 година.

Експертите објаснуваат дека ромската заедница е постојано во движење, па затоа ги има насекаде низ земјата. Најмногу, сепак, ги има во Англија, во реонот на Лондон и северозападните делови од британската територија.

Во Западна Европа, најмногу Роми има во Шпанија, повеќе од 750 илјади и во Франција, околу 400 илјади. Со повеќе од 12 милиони луѓе, Ромите се најголемата европска малцинска заедница, но тие и натаму живеат во услови на сиромаштија, а честопати се изложени на дискриминација.

Истражувањето што беше направено во Велика Британија покажува дека најголемиот дел од Ромите во земјата се дојдени од Словачка, Романија, Бугарија, Унгарија и Полска.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство