Џером и Џарел Спенс знаеле дека нивните партнерки, Тиган Комптон и Франческа Еш треба да се породат во ист ден, но не верувале дека тоа навистина ќе се случи.
Џером (21) и неговата две години помлада партнерка Тиган, први станаа родители.
Во два часот наутро го добиле синот Камерон со тежина околу 3,6 килограми. Два и пол часа подоцна, Франческа Еш, девојката на Џарел, го роди Касен со тежина околу 3,2 килограми.
За да биде приказната поинтересна, децата ги породила истата бабица.
– Никогаш не сум слушнала дека вакво нешто се случило. Тоа навистина е чудо, рече бабицата, Барбара Капор.
Статистиките покажуваат дека веројатноста вакво нешто да се случи е еден спрема 150.000.