ЕУ очекува објаснување, Бугарија вели не е завршено со „Јужен поток“

Од:

Европската комисија очекува објаснување од Русија во врска со откажувањето од „Јужен поток“.

-Сега ние ги очекуваме детаљите. Не е Брисел тој што треба да коментира дали „Јужен поток“ е завршена работа или не, соопштија од Европската комисија.
Бугарските власти меѓутоа сметаат дека тој проект е сеуште актуелен бидејќи тие не добиле никаква официјална изјава од Москва.

-За мене проектот сеуште не е затворен. Ние сеуште не сме добиле никаква официјална изјава, рече бугарскиот министер за економија, Божидар Лукарски.

Официјален претставник на Министерството за надворешни работи на Русија Александар Лукашевич не дава дополнителни објаснувања.

-Мислам дека претседателот сосема јасно рече дека никого не можеме да го присилуваме на соработка. Ние ќе најдеме други форми за реализација на нашите планови поврзани за извозот на гас во други региони. За последиците од откажувањето од „Јужен поток“ пред се треба да мислар истите кои го уништија проектот, изјави Лукашевич за агенцијата ТАСС.

Би можело да ве интересира

Антиќ-Сијарто: Подготвени сме за Јужен тек, но не зависи се од нас

Наум Локоски

Гасовод од Грција преку Македонија и Србија алтернатива за „Јужен тек“

Ана Ололовска

Србија и Бугарија да му ги вратат на „Газпром“ парите вложени во Јужен поток

Емир Латифовиќ

Јужен тек – засега најскапата жртва на заострените односи на ЕУ и Русија

Ана Ололовска

За гасот има алтернативи, но треба посериозно да се работи на нив

Емир Латифовиќ

Србија потроши 30 милиони евра во пропаднатиот проект Јужен поток

Емир Латифовиќ