Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ изјави дека се надева оти со дополнителни разговори ќе дојде до договор меѓу Европската унија и Русија за изградба на гасоводот Јужен поток.
Тој истакна дека гасоводот е многу важен за Србија бидејќи земјата нема алтернативен правец на снабдување освен тој од Украина.
– Граѓаните од Југоисточна Европа имаат исти права како и тие од Средна и од Северна Европа, кои сличен ангажман направија со Русија и бараме рамноправен третман, посочи Дачиќ.
Тој наведе дека Јужен поток е договор меѓу големите земји и оти Србија ниту влијаела ниту може да влијае на тоа.