Во Србија годинава имало помалку домашни, а повеќе странски туристи

Од:

Бројот на домашни туристи во Србија од јануари до октомври 2014 година бил за девет отсто помал отколку во истиот период од минатата година, додека бројот на странски гости бил зголемен за 12 проценти, соопшти Туристичката организација на Србија.

Во Србија во посочениот период претстојувале вкупно 1.895.954 туристи, покажуваат податоците на Републичкиот завод за статистика, а остварени биле 5.346.403 ноќевања, што е седум отсто помалку отколку во истото време во 2013 година.

Домашните српски туристи оствариле 3.489.540 ноќевања, што е 14 проценти помалку отколу во 2013 година, а странските 1.856.863 ноќевања, што е девет отсто повеќе.

Домашните гости најмногу претстојувале во бањите (или 43 отсто), потоа планинарските одморалишта (31 процент), додека половина од странските гости најмногу го посетиле Белград.

Би можело да ве интересира

Потпишан Меморандум за соработка во полето на гасниот сектор со Србија

Ќе биде сместен во стаклена, затемнета “кутија“, вака ќе изгледа сведочењето на момчето убиец

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ