(ВИДЕО) СДСМ: Само власта може да должи, за фирмите, парична или затвор

Од:

СДСМ е против воведувањето задолжително издавање на задолжница. Таа за нас претставува директен упад на власта во слободата на договарањето и пазарот. Од 1 јануари задолжницата е задолжителна, за договори помеѓу фирмите поголеми од 300.000 денари. Но, законот важи само за фирмите, рече Драган Тевдовски, претседател на Комисијата за економија на СДСМ.

Оправдувањето на власта на Груевски е да се подигне нивото на наплата.

Но проблемот е што во земјава најголем должник е државата, а ова решение не важи за државата.

Значи, ако државата ви должи пари, таа може ви да доцни колку сака. Но ако вам ви е стигнат договор за наплата, тогаш вие мора да најдете пари за да не завршите со парична казна или со казна затвор до три години.

Ако власта верува дека потпишувањето на задолжницата е решение за ефикасна наплата, тогаш нека ја вклучи и државата. Па, и министрите во Владата нека се соочат со парична казна или со казна затвор до три години, доколку во моментот на достасување на задолжницата, немаат покритие.

Ние сакаме на јавноста да и предочиме три важни работи, што можат да произлезат од ова решение на власта:

1. Во сегашните услови кога државата е најголем должник, власта може многу лесно преку ненавремено плаќање да заглави определени претпријатија. Во моментот на достасување на задолжницата, фирмите токму поради ова, да немаат покритие. Во законот нема механизам што би го спречил ова.

2. Задолжницата ќе претставува нова скриена давачка за стопанството. За неа фирмите ќе плаќаат по 3.000 денари. Ако се земе предвид дека секое претпријатие има повеќе договори, тоа значи дополнително финансиско оптоварување на фирмите. Ова посебно ќе го зголеми товарот на малите и средни претпријатија, што едвај опстојуваат.

3. Поставувањето долна граница од 300.000 денари за задолжтелно потпишување задолжница, ќе доведе до настојување на претпријатијата да ги цепкаат договорите на суми пониски од 300.000 денари. Ова само покажува колку е нелогичен овој механизам.

На овој начин не само што нема да се подобри ликвидноста во економијата, туку и дополнително ја зголемува зависноста на фирмите од државата, што е недозволиво за пазарна економија.

Би можело да ве интересира

Мицкоски сака обвинител под негова контрола, затоа се крие зад Левица, велат од СДСМ

„Идеа Лаб“: Успешно го организиравме ЕМОФ за што добивме потврда лично од претседателот на Европскиот олимписки комитет

Горан Наумовски

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја избриша лажната фотографија – Лефков и Мицкоски јавно да се извинат за лагите

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

За младите на Олимпијадата немало пари, ама имало за ПР агенции на власта, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

СДСМ: На Скопје не му требаат рецилираните споменици од времето на режимот