Најдоброто од светот на анимацијата на „Анимакс Скопје Фест“

Од:

Македонската публика ќе има можност да ги проследи најновите анимирани филмови, на четвртиот Меѓународен фестивал за анимиран филм „Анимакс Скопје Фест“ што ќе се одржува од 4. до 6. декември во Кинотека на Македонија. Организаторите најавуваат богата програма и работилници за деца и возрасни преку кои учесниците одблизу ќе се запознаат со анимацијата и уметноста на создавање на овој жанр.

Во трите фестивалски денови ќе бидат прикажани 52 филмови и тоа 44 за возрасни и осум анимации за деца. Поголем дел од нив се носители на престижни награди и победници на филмски фестивали од А категорија. И годинава ќе бидат доделени награди за кои ќе одлучува интернационално жири.

animaks2014 (2)

„Филмот „The Wait Of May“ (Чекајќи го мај) на бардот на италијанската анимација Симоне Маси, кој е многу наградуван и автор на постерот за овогодишното издание на Venice Film Fest, ќе го отвори четвртото издание на „Анимакс Скопје Фест“. Секоја вечер ќе имаме по 100 минути анимација која ќе ги задоволи различните вкусови на филмофилите на фестивалот. Оваа година имаме еден македонски претставник, Иван Ивановски со филмот „Конзо“ што ќе биде прикажан првата фестивалска вечер. Втората вечер ќе ја отвори францускиот „Kiki of Montparnasse“ (Кики од Монтпарнас ), а третата италијанскиот „Beauty“ (Убавина)“. Интересно е да се спомене дека дел од програмата во петок,5. декември, е и „Man On The Chair“ (Човек на столчето), овогодишен победник на Интернационалниот фестивал за анимиран филм „Annecy“ во Франција“, изјави на прес-конференција директорот на Фестивалот, Кузман Кузмановски.

Би можело да ве интересира

„Јон Вардар против галаксијата“ во петок доаѓа во киносалите

„Јон Вардар против галаксијата” викендов беше премиерно прикажан во Шпанија

Првиот македонски долгометражен анимиран филм ќе има светска премиера на еден од најголемите фестивали за фантастика во светот

„Македонски анимиран филм 1971-1991“ – проект на ДФРМ

Ана Ололовска

ВИДЕО: Млади аниматори го прават првиот македонски краток CGI научнофантастичен филм

Жарко Настоски

ВИДЕО: Македонско-австралиското 3-Block Studio направи анимиран филм за глобалниот карантин

Ана Ололовска