Во Кавадарци изложба „Светски пожар“ за 100 годишнината од Првата светска војна

Од:

Во Музеј галеријата во рамки на културна есен во Кавадарци денеска е отворена изложба насловена „Светскиот пожар” во чест на 100 годишнината од Првата светска војна.

На 20 паноа можат да се видат околу 170 историски  фотографии, документи, скици, карти и шаблони, од Кајмакчалан и Македонскиот или Солунскиот фронт кој траел од 1915 до 1918 година.

​- Првата светска војна била дотогаш најголемиот, најжестокиот и најтрагичниот конфликт  во историјата на светот, кој траел 4 години. Како резултат на војната, престанале да постојат 4 империи. Во неа насилно биле регрутирани и повеќе од 200 илјади Македонци кои морале да се борат во три различни армии. Во српската, грчката и најмногу, во бугарската. Се случувало браќа да бидат принудени да се борат едни против други. Нашите најмногу страдале на Солунскиот фронт кој ја опфаќал територијата од Солунскиот залив преку Тиквешијата до Кајмакчалан. Тука е населението од селата Рожден, Мрежичко, Клиново, Галиште, заедно со помалите населби Мајден, Прибор, Арничко и Дупкарево. Но, умирале и од колерата која ја донеле мароканските и алжирските учесници во војната. Само во овие места умреле повеќе тиквешани, отколку во целата Тиквешија за време на Втората светска војна, појаснува меѓу другото директорот на кавадаречкиот музеј Петре Камчевски, советник историчар.

​Изложбата во Музеј галеријата е благодарение на Руската Амбасада во Република Македонија и Сојузот на македонско-руски здруженија. 

Би можело да ве интересира

Изложба на фотографии „Вечни тела“ на Жарко Стојчевски и Искра Шукарова

Во галерија „КО-РА “- мал салон отворена самостојна изложба на рачно изработен накит од Соња Драгољуб Гиздавиќ

А1он

Самостојната изложба на рачно изработен накит на Соња Драгољуб Гиздавиќ

Предраг Петровиќ

Во Албанија изложба на тетовски средношколци – „Едно парче уметност“ од Тетово во Тирана!

А1он

Изложбата на дигитални колажи „Барокна подморница“ од Влада Урошевиќ и Марко Трпески

“Ескапизам: Меморијата и идентитетот” самостојна изложба на младата уметница Мила Добревска