А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Почна новогодишното украсување на Скопје за 169 илјади евра

by А1он02/12/2014 - 13:0802/12/2014 - 14:10171
Share0

Градот Скопје и годинава, традиционално, го реализира Прoект за украсување и декорирање по повод новогодишните и божикните празници, чија главна цел е да понуди свечени и естетски решенија за плоштадот и централното градско подрачје.

Добивај вести на вибер

Декорирањето и украсувањето, кое е во тек, ќе ги опфати плоштадот „Македонија“ до плоштадот „Пела“, како и плоштадот „Филип Втори“ пред црквата „Св. Димитрија“.

Покрај плоштадот, во поширокиот реон на централното градско јадро ќе бидат украсени и булеварот „Илинден“ до раскрсницата со улицата „Френклин Рузвелт“; просторот пред Владата, улицата „Даме Груев“, булеварот „Партизански одреди“ до раскрсницата со булевар „8 Септември“ и платото пред Универзална сала; улиците „Димитрие Чуповски“, „11 Октомври“, „ВМРО“, „Филип Втори Македонски“, потегот од раскрсницата кај Специјалнатa болница за хируршки болести  „Св. Наум Охридски“ до раскрсницата кај Т.Ц. „Мавровка“, просторот пред Судската палата и булеварот „Гоце Делчев“ од Т.Ц. „Мавровка“  до Владата.

Украсени ќе бидат и Старата чаршија пред националната галерија „Чифте амам“; паркот „Жена борец“, просторот пред црквата „Св. Богородица“; улицата „Македонија“ и булеварот „Климент Охридски“ од Владата до зградата на  „Нова Македонија“.

Традиционално ќе биде поставена централна новогодишна елка,  висока 18 метри, со светлосни и други украсни елементи.

Декорирањето треба да заврши на 15 декември, додека раскрасувањето ќе биде од 15 до 18 јануари 2015  година.

Новогодишните декорации ќе ги постават фирмите „Линк Медиа” од Скопје и „Лутарико Дооел-Скопје” за што Градот Скопје издвои 10.400.000 денари.

nova godinaskopje

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: На Скопје не му требаат луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа

Горан Наумовски30/10/2025 - 20:26

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски29/10/2025 - 07:5829/10/2025 - 07:59

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки

Катерина Ѓуровски27/10/2025 - 07:4627/10/2025 - 10:36

Ѓорѓиевски: Скопје, за жал, веќе подолг период е претворено во една голема депонија

Горан Наумовски22/10/2025 - 15:48

Во Скопје 474.304 граѓани со право на глас ќе избираат помеѓу 16 кандидати за градоначалник и 19 листи за советници

Горан Наумовски19/10/2025 - 07:29

Ѓорѓиевски: Скопје ќе стане првиот целосно – paper free град во државата, дигитален, модерен и транспарентен

Горан Наумовски13/10/2025 - 11:48
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен