Феникс распишува конкурс за млади таленти

Од:

Издавачката куќа Феникс и Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација Македонија презент од Скопје распишуваат Конкурс за откривање и стимулирање млади таленти.

Конкурсот ќе трае во наредните пет месеци и ќе се состои од пет категории: книжевност, сликарство, театар, филм и уметничка фотографија.

Во овој месец декември сите заинтересирани ученици од основните и средните училишта од Република Македонија можат да достават неограничен број свои ликовни прилози во форма на честитки, цртежи или разгледници на следниве пет теми: Македонија; Скопје; Нова Година; Книга; 21 век. Истите теми се и за литературните прилози (поезија, проза, есеј, пиеса, бајка…), како и за краток драмски текст, мини синопсис за филмско сценарио и оригинална уметничка фотографија.

Наградите ќе се состојат во дипломи и комплети книги, а ќе бидат наградени авторите, менторите и најактивните училишта.

Рокот за доставување и испраќање на трудовите е 20 декември 2014 година.

Во месец јануари ќе биде распишан нов Конкурс, а во текот на наредната година избраните ученици ќе настапат на новиот Фестивал Млади таленти.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска