Една од потешките задачи на родителот е да го научи детето да биде благодарно и да ја искажува благодарноста.
Појавата на егоцентричност и себичност е нормален процес во развојот на секое дете. Сепак постојат некои работи кои можете да ги правите секојдневно со цел вашето дете го усвои моделот на благодарност во своето однесување.
Бидете добар пример
Вашите деца секогаш гледаат како вие се однесувате и усвојуваат таков модел на однесување. Заради тоа секојдневно искажете благодарност на глас за се што имате во животот. На пример можете да кажете нешто како: „ Јас сум исцрпена, затоа што работата денеска навистина ми беше тешка, но благодарна сум дека имам работа па можеме да купиме се што ни е потребно“ или „Да и се заблагодариме на баба што доаѓа да ни помогне во куќата, додека јас сум на работа“.
Исто така важно е децата преку ситни работи да се потсетуваат да бидат благодарни за се што имаат. Зборувајте им работи како: „Зарем ние не сме среќни што имаме топли кревети?“ или „Толку е убаво да се облече чиста облека секое утро“ или „ Беше толку мал кога ја доби оваа играчка и многу е забавно што се уште играш со неа“.
Развивање емпатија кај децата
Подарување на стари играчи или непотребни работи во добротворни цели, но и волонтерска работа ги учи децата за тоа дека постојат луѓе кои се помалку среќни од нив и дека сите ја делиме одговорноста едни за други. Подгответе храна за бездомници, придружете се на некој хуманитарен марш, помогнете му на некој повозрасен сосед, посетете Дом за стари лица.
Исто така научете ги децата да помогнат во заштита на животната средина со пешачење или со возење велосипед, а не со возење автомобил на куси релации. Штедете ја водата и струјата. Посетете депонија за да ги запознаете децата на лошите ефекти од отпадот.
Научете ги децата да мислат глобално
Важно е децата да го разберат својот живот во глобален контекст. Дури тогаш децата стануваат свесни за поголемиот дел на светот кој ги опкружува, тие на најдобар начин ќе го ценат својот мал дел.
Аргументирано критикувајте
Ако детето ве праша дали можете да купите уште една играчка иако веќе ги има многу, прашајте го: „Дали таа играчка навистина е потребна? Зарем не мислиш дека претеруваш?
Бидете благодарни
Навистина, многу луѓе во вашиот живот заслужуваат благодарност. Речете „благодарам“ ако некој ви ослободи клупа во паркот, речете „благодарам“ кога некој ќе го задржи лифтот за да влезете, речете „благодарам“ кога купувате наутро леб во пекара итн.
Заблагодарете му се на чистачот на улици, лекарот, полицаецот, најблиските пријатели и роднини или на омилениот фудбалски тим.
Не заборавајте да им се заблагодарите на своите деца кога добро се однесуваат, а особено кога ќе направат нешто убаво за некој друг. Истражувањата покажаа дека избирањето на вистинските зборови го поттикнуваат детето да прави добри работи.