Чанак призна дека тепал и поднесе оставка од пратеничката функција

Од:

Лидерот на социјалдемократите Ненад Чанак соопшти дека поднесува оставка на местото пратеник во Собранието зашто парламентот не го заштитил по инцидентот кој се случи во Нови Сад пред неколку дена.

Чанак пред десетина пратеници и пред новинарите во Собранието на Србија призна дека учествувал во тепачката пред неколку дена пред кафеаната во Нови Сад во кој беше претепан Павле Лешановиќ.

„Кога ми ги опсу децата, го извадив од возилото и почнав да го тепам. Јас сум изложен на линч бидејќи ја бранев честа на моето семесјтво“, рече Чанак.

Тој додаде дека решил да се тепа со Лешановиќ затоа што „кон неговата внука, која му е како ќерка се однесувал како кон последна проститутка“.

Чанак оставката ја дал и за да не му префрлаат дека ќе се повикува на пратеничкиот мандат во судската постапка и наведе дека некои „веќе ја изрекле пресудата во јавноста пред судската постапка“.

Лешановиќ рече дека поднел кривична пријава за обид за убиство и грабеж.

„Кога излегов од кафеаната, застана црн џип и од него излезе Чанак со двајца телохранители. Почнаа да ме псујат и да зборуваат дека сум белградски олош, а потоа Чанак ме удри со стап по лицето“, рече Лешановиќ.

Тој тврди дека двајцата телохранители го обориле на земја, го претепале, а потоа заминале.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Верма: Санкциите се насочени кон Русија, а не кон Србија

Америка воведе санкции за српската нафтена индустрија

Убиство во Инџија, уапсени се три лица, по четвртиот се трага

Горан Наумовски