Добредојдовте во земјата каде се слават злочините

Од:

Американската новинарка Ана И. Кошкин годинава за потребите на својат редакција го посетила фестивалот „Гуча“ во Србија.

Во својот текст, за порталот „Vice“ под наслов „Српскиот национализам на Гуча фестивалот“ таа ги наведува сите детали што ги видела во Србија, опишувајќи ја како земја на „пијаници и четници“.

„Slobodane Miloševiću tvoja vojska te čeka” (Слободан Милошевиќ твојата војска те чека), „Hvala Bogu što sam Srbin“ (Му благодарам на господ што сум Србин), „Srpski četnik“ (Српски четник), „Država šampiona“ (Држава на шампионите) се едни од многуте пораки што ги забележала новинарката на маиците на локалните жители.

„Еден млад човек, до појас гол, оди во утринските часови по кутија цигари и шише ракија. Покрај него поминуваат луѓе облечени во маици на кои се насликани черепи или пораки, „Слободан Милошевиќ твојата војска те чека“, го започнува својот текст Лошкин.

Таа исто така забележува: „Четничкото движење е поврзанo со Српските масакри, силувањата и тортурата за време на југословенските војни. Момчињата и девојките, навидум изгледаат невини, но пеат за големината на Србија, носејќи капи со четнички симболи, завиткани во српското знаме. Тие покажуваат три прсти, провокација за Бошњаците и Хрватите, бидејќи тој поздрав се користел од српската војска, додека безмилосно го убивала нивниот народ“.

Во текстот е опишана и историјата на фестивалот, која од гледна точка на американската новинарка, „Гуча“ отсекогаш бил место каде се возвишувале национализмот и злосторствата извршени во име на српскиот народ.

Пред крајот ја спомнува и актуелната политичка ситуација во Србија, која исто така ја опишува како „националистичка“, а посебно новиот премиер, Ивица Дачиќ, политичкиот наследник на Милошевиќ.

Текстот го завршува со кратко интервју со неименувана девојка која на својот татко не смее да му признае дека е во врска со момче од ромска националност, затоа што Србија била последната земја во светот каде што приказните од типот „Ромео и Јулија“ можат да се случат.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Верма: Санкциите се насочени кон Русија, а не кон Србија

Америка воведе санкции за српската нафтена индустрија

Убиство во Инџија, уапсени се три лица, по четвртиот се трага

Горан Наумовски