Дебата за поттикнување на женското претприемништво

Од:

„Поддршка, поттик и промоција на жени претприемачи“  е темата на тркалезната маса што денеска ја организира  Сојузот на стопански комори на Македонија со цел да го поттикне женското претприемништво во Република Македонија.

На трибината ќе се обрати Данела Арсовска, претседател на ССК, а најавено е присуство и на заменик-министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими, градоначаничката на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец Алексиќ и пратеничката Даниела Рангелова.

На дебатата ќе присуствуваат триесеттина жени претприемачи – менаџери, од повеќе сектори, кои ќе ги споделат своите исуства. Исто така, ќе се дискутира за бенефитот од субвенциите кои се доделуваат за жените претприемачи, но и за можноста од зголемување на сумата која во моментот е во висина од 60 проценти од докажаните трошоци, но не повеќе од 120.000,00 денари по компанија.

Би можело да ве интересира

Бизнис заедницата бара повлекување и запирање на предлог Законот за данок на солидарност

Потпретседател на ССК проф. д-р Симов: ИКТ секторот, туризмот и агро бизнисот главни сектори за соработка со Бугарија

Ана Ололовска

Економијата на САД во март отворила 431.000 работни места, добар знак за Администрацијата на Бајден

А1он

Ќе се подобрува бизнис климата за развој на женското претприемништво

Ана Ололовска

Инфософт групацијата прослави 30 години постоење!

Ана Ололовска

Избрани најдобрите „зелени бизнис идеи“ за годинава

Жарко Настоски