Утрово во Грција не излегоа дневните весници. Ова е последица на вчерашниот штрајк против новите мерки за штедење. Радио и телевизиски станици не емитуваа вести. Медиумските куќи како резултат на кризата во последниве две години отпуштија повеќе од 2 и пол илјади вработени.
Платите во медиумите намалени се за 30 отсто, а намалени се и пензиите и надоместоците. За утре е закажан генерален штрајк со кој синдикатите сакаат да ја предупредат владата да не се согласи со новите барања за намалување на јавната потрошувачка.