Германскиот гигант „Дајмлер“ претстави нова генерација на супер мини моделот Смарт ФорТу со три врати и верзија ФорФор со пет врати.
Новиот наследник го задржа погонот на задни тркала, а придвижуван е од најсовремен атмосферски трицилиндерски 1,0 литарски мотори од 60 и 71 коњска сила. Во понуда се наоѓа и турбо-бензински мотор од 0,9 литри со 90 коњски сили. Преносот на силата се врши со мануелен менувач со пет брзини или шестстепен автоматски менувач со двојна спојка „твинмик“.
Смарт има целосно нов изглед и значително изменет преден дел. – Новиот Смарт ФорТу користи проверен концепт, нуди повеќе простор, повеќе бои, повеќе опрема, а должината на возилото останува како и досега, само 2,69 метри, изјави Анет Винклер, ЦЕО на Смарт.
Вистинска предност на Смарт на градскиот асфалт е импресивниот круг на вртење од само 6,95 метри.
Внатрешноста на Смарт е наменета за млади и активни лица. Има голема можност за персонализација. Во кабината доминира двојна инструмент табла со голем часовник и дополнителен екран за системот за инфо-забава, кој лебди над центарлниот дел.
Моделот Смарт ФорФор сега претставува класична продолжена изведба на помалиот модел ФорТу. Новиот ФорФор има должина од 3,49 метри и меѓуоскино растојание од 2,49 метри.