Туберкулозата е убиец број еден на ХИВ позитивните лица

Од:

Во Македонија на 1-ви декември по повод Светскиот ден за борба со сидата, здружението МЕРЦ организира настан за зголемување на свесност за туберкулозата како водечка причина за смртност на ХИВ позитивните лица во светот.

Предстaвници на здружението ќе споделуваат информации и промотивни матерјали на повеќе локации на територијата на град Скопје со цел населението да биде запознаено за начините како да се заштити од туберкулозата и ХИВ/СИДА.

tbc (5)

Лицата кои живеат со ХИВ 26 до 31 пати имаат поголема веројатност да се разболат од туберкулоза во споредба со лицата без ХИВ. ХИВ и туберкулозата формираат смртоносна комбинација, едната болест придонесува за напредокот на другата. Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО) во 2013 година:

tbc (7)

360 000 лица починале од ХИВ асоцирана со туберкулоза. Околу 25% од смртноста на ХИВ позитивните лица се должи на туберкулоза

Откриени се 1,1 милион нови случаи на туберкулоза помеѓу ХИВ позитивните лица, 78 % од нив биле од Африка

tbc (6)

550 000 деца биле заразени од туберкулоза и 80 000 ХИВ позитивни деца починале од туберкулоза

Од туберкулоза се разболиле околу 9 милиони луѓе и 1,5 милион починале од туберкулоза на светско ниво

tbc (1)

Туберкулозата е предизвикана од бактерија која најчесто ги напаѓа белите дробови. Туберкулозата се шири од едно лице на друго преку воздух. Околу една третина од светската популација имаат латентна форма на туберкулоза, што значи дека лицата кои биле заразени со туберкулоза не се болни сеуште и не може да ја пренесат на други лица.

tbc (4)

Само 10 % од лицата инфицирани со туберкулоза имаат животен ризик да се разболат од туберкулоза. Најголем ризик имаат лицата со нарушен имунолошки систем, како лица кои живеат со ХИВ. Туберкулозата е болест која може да се спречи и да се лекува. Во Македонија вкупниот број на новооткриени лица со туберкулоза се движи околу 350 лица на годишно ниво.

tbc (3)

Би можело да ве интересира

Нови случаи на ХИВ и еден на СИДА во Македонија, сите се мажи на возраст 20 и 39 години

A1on

Бесплатни тестирања за ХИВ и други сексуално преносливи болести од 20 до 26 ноември

За еден месец осум нови случаи на Сида – тројца странци со престој во Македонија

А1он

Маж во Британија заразил девојка со ХИВ, сега, 14 години подоцна, тој мора да оди во затвор

Генерал Игор Кирилов: Американците спроведуваат експерименти со ХИВ инфекција на украински војници

А1он

Иницијатива на млади луѓе за промена на името ХИВ за да се отстрани стигмата

Ана Ололовска