ВИДЕО: Механичка ротирачка глава на Кафка инсталирана во Прага

Од:

Во центарот на Прага, локалните жители и странските туристи имаат можност да видат необично дело, механичка глава на Франц Кафка, еден од водечките писатели на германски јазик од 20.век, јави дописникот на МИА од чешкиот главен град.

Статуата, тешка 39 тони, од кои 24 тони се некородирачки челик, се движи на моторен погон и нејзин автор е контроверзниот чешки уметник Давид Черни.

Делото за кое инвеститорот платил повеќе од 1, 2 милиони евра е високо 11 метри, односно 42 ката.

– Од почетокот се сметаше на тоа, на плоштадот да поставиме некакво уметничко дело и откако Черни ни покажа три свои дела, се одлучивме за ова, изјави Игор Клајмон, од компанијата Проперти груп.

– Кога ќе погледнам како изгледа овде овој народ, во чиј Претседателски кабинет седи суштество кое наместо уста има анален отвор и од него излегува само измет, мислам дека Кафка е последното нешто за кое може да се фатиме и да стои тука во центарот, рече авторот Черни.

Уметникот е познат по своите дела со кои го изразува своето мислење кон општествените случувања и актуелната политичка ситуација во земјата.

Тој своето негативно мислење кон Земан го изрази и пред одржувањето на парламентарните избори минатата година, со инсталација на огромен розев среден прст во реката Влтава. Инсталацијата беше насочена кон Прашкиот замок каде е сместена претседателската канцеларија.

Широката јавност го познава Черни и по неговата сатирична скулптура ,,Ентропа”, која Чешката влада го нарача за да го одбележи претседателствувањето на земјата со ЕУ во 2009 година, а која ги претставуваше членките на ЕУ на навредлив начин.

Би можело да ве интересира

Петр Павел: Мора да бидеме подготвени за тоа дека САД ќе не остават на цедило

А1он

Фиала: Русија повеќе не може да не уценува

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Силна експлозија во ресторан: Шест мртви, осум повредени

Предраг Петровиќ

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага