Уште еден од повредените во вчерашната сообраќајка кај Велес транспортиран во Скопје

Од:

И третиот повреден од вчерашната сообраќајка во Велес попладнево е пренесен на понатамошно лекување во Скопските клиники. Тој утрово се жалел на болки во главата и вратот.

– По компјутерското снимање беше утврдено дека има скршеница на седмиот пршлен на вратот. Ние извршивме мобилизирање на вратот, а поради сериозноста на повредите го испративме на понатамошно лекување на Хирушкото одделение во Скопје, инфирмира д-р Љупчо Леовод Велешката болница, нагласувајќи дека пациентот е надвор од животна опасност.

Тој посочи дека во добра состојба е и четвртиот повреден во сообраќајката кој се уште е на лекување во Хирушкото одделение во Градската болница во Велес.

Доцна синоќа уште еден учесник од сообраќајната несреќа на влезот од Велес беше пренесен на Скопските клиники. Тој бил хоспитализиран на Клиниката за торакална хирургија поради здравствени проблеми со градниот кош.

– Најтешко повредениот пациент, детето на 6-7 годишна возраст, уште веднаш по вчерашната несреќа беше испратено како итен случај во состојба на кома во Ургентниот центар во Скопје, информира д-р Леов.

Очевидците велат дека несреќата се случила вчера попладне околу 15:50 часот кога тројцата млади на возраст од 19 и 20 години и детето, брат на еден од нив, се возеле во автомобил „фолцваген шаран“ по улицата под Спомен костурницата. Од засега неутврдени причини автомобилот излетал од улицата на земјениот брег, удирал во дрва и гранки, од него излетало едно лице, а потоа паѓал дваесет метри и завршил на патот до кружниот тек на влезот на Велес.

По наредба на основен јавен обвинител увид на местото на несреќата направи полицијата. Дополнително ќе се утврдуваат причините кои ја предизвикале несреќата.

Би можело да ве интересира

Само мерки на претпазливост за пијаниот возач кој тешко повреди пешак во Скопје

Четворица повредени во сообраќајка на регионалниот пат Струга – Дебар

Пешак загина во сообраќајка на магистралниот пат Прилеп – Битола

Поради сообраќајна незгода со жртва пренасочен е сообраќајот на регионалниот пат Битола – Прилеп

Тешка сообраќајка во Скопје, повредени се тројца малолетници

Горан Наумовски

Петмина повредени во сообраќајка на патот Битола – Прилеп