Договор за ставање крај на 30-годишните борби на Курдите во Турција може да биде постигнат во следните месеци доколку владата обезбеди законски гаранции за правата на Курдите, изјави лидерот на Курдската работничка партија (ПКК) Абдула Оџалан, кој издржува доживотна казна затвор.
Опсадата на борците на „Исламска држава“ на сирискиот курдски град Кобане, во близина на границата со Турција, го стави под ризик кревкиот мировен процес меѓу Турција и Курдите, кои ја обвинија Анкара дека не ги заштитува нивните „браќа“ во Сирија.
Оџалан смета дека договор може да биде постигнат во следните четири или пет месеци само ако Турција покаже дека е сериозна.