Египетскиот суд денеска донесе одлука со која џихадистичката „Исламска држава“ (ИД) која дејствува во Сирија и Ирак ја прогласи за терористичка организација.
Исто така, за терористичка е прогласена и милитантната египетска група Ансар Беит ал Макдис, која е поврзана со ИД.
Оваа група има база на Синајскиот Полуостров, а одговорна е за ликвидацијата на десетици војници и полицајци откако египетската војска го симна од власт исламистичкиот претседател Мохамед Морси во јули минатата година.