А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Груевски и Ставрески бараат изговор да ја задолжат државата за нови 200 до 250 милиони евра

by А1он25/09/2012 - 14:04143
Share0

Вчерашните најави на Владата за ново, енормно задолжување на државата во странство, од цели 250 милиони евра, ги потврдуваат нашите сомневања дека премиерот Груевски не беше искрен во своите ветувања пред бизнисмените и пред македонската јавност.

Добивај вести на вибер

Се повеќе станува очигледно дека Груевски и Ставрески сето ова го направија на еден помпезен начин пред македонската бизнис заедница и македонската јавност со една единствена цел ДА НАЈДАТ ИЗГОВОР КАКО ПРЕД ИЗБОРИ ДА ЈА ЗАДОЛЖАТ ДРЖАВАТА ЗА НОВИ 200 до 250 милиони евра.

И овој пат како и пред Вонредните парламентарни избори во 2011 год кога од ММФ беа позајмени 220 милиони евра  со единствено образложение за буџетски потреби влада не објаснува за што овој кредит ќе се потроши.

Колку пари од овој кредит се наменет за враќање на долговите кон стопанството?.Колку пари се наменети за тековни буџетски потреби а колку за капитални инвестиции?. На крајот на краиштата, ќе одговори ли некој на најголемата државна тајна? Колкав е долгот на Владата кон стопанството, кој во моментов се употребува како причина за новото задолжување?

Владата сака на нетранспарентен и нејасен начин да ги задолжи македонските граѓани оваа 2012 и наредната 2013 год за нови половина милијарда евра без да даде објаснување како и за што ќе ги потроши овие пари. Сега  ни соопштуваат дека само мал дел од најавениот кредит ќе биде искористен за исплата на владиниот долг кон стопанството. Повеќето пари Владата веројатно ќе ги потроши за покривање на дупката во буџетот која секојдневно се продлабочува предизвикана од нејзините погрешни економски политики кои не носат економски развој.

Само во месец септември, додека го подготвувале и планирале новото задолжување, во Скопје се поставија десетици споменици, се изработуваат барокни фасади, а рекламите на Владата во ниту еден момент не се запрени.

Економскиот концепт на оваа Владата почива на нерационално и недомаќинско трошење на многу повеќе пари отколку што стопанството и граѓаните можат да им дадат во буџетот.  Дополнително, трошењата не се за капитални инвестиции, туку за целосно непотребни проекти и непродуктивни трошоци.

Сега кога признаа дека немало пари за овие мегаломански проекти и се граделе на вересија и на грбот на неликвидното стопанство, премиерот Груевски и министерот Ставрески прават уште една голема грешка. Подготвени се да го зголемат буџетскиот дефицит и задолжувањето, само за да продолжат со оваа економски поразителна политика, обидувајќи се тоа да го претстават како раздолжување кон стопанството.

Овој пат, Владата ги искористи бизнисмените и нивната потреба да си ги добијат назад своите пари, за преку нив да оправда уште едно огромно задолжување на државата, кое со години ќе го враќаат истите тие бизнисмени, но и сите граѓани.

Сакаме да потсетиме, дека ние веќе цела година постојано бараме владата да се раздолжи кон стопанството и да не дозволи да се натрупаат огромни долгови кои предизвикуваат неликвидност. Но секогаш напоменувавме дека е тоа нејзина законска обврска, за која треба да најде средства во буџетот, а не долгот кон компаниите да го искористи како изговор, за да ги задолжува идните генерации.

Вкупниот долг на централната влада на Р.Македонија веќе ја надмина границата од 30% од бруто домашниот производ и заклучно со месец јули 2012 год изнесува скоро 2,4 милијарди евра. Владата со ништо не покажува дека ваквата галопирачка динамика на задолжување ќе ја сопре, туку најавува дека истата ќе ја интензивира.

Со овие нови задолжувања  Владата ќе ја задолжи Македонија за преку една милијарда евра! Преку една милијарда евра веќе се потрошени надвор од можностите на буџетот, а притоа изградени се само 7 километри автопат за 6 години, нема ниту една инвестиција во енергетиката, нема нови хидро и термо централи, нема гасификација, нема воопшто инфраструктурни проекти.

Па каде се потрошени преку една милијарда евра? Каде завршуваат овие пари, кои ќе треба сите ние да ги враќаме? На кој начин ќе се враќаат овие огромни средства, кога истите не се искористени за создавање на нова вредност?

Почитувани граѓани, концептот на владеење на оваа влада е сведен на две работи. Безмилосно задолжување и безмилосно рекламирање. Набргу Македонија ќе се доведе во ситуација да нема од кого да позајмува, а да мора да ги враќа долговите направени заради сегашното луксузирање.

Во тој момент и фактички ќе се соочиме со реалноста. Ќе имаме огромни долгови, кои не создале вишок на вредност, кои не се употребени за нови инфраструктурни објекти, нови енергетски објекти и слично, туку се потрошени за луксузирање.

Ќе разберевме доколку задолжувањето досега се правеше за да се изгради инфраструктура – автопатишта или енергетски објекти, но гледаме дека нема никаква промена во економските политики на владата. Овие пари, како и досега, ќе завршат за рекламни кампањи, фасади, споменици и други непродуктивни трошоци.

(Интегрален текст од прес конференција на Марјанчо Николов, СДСМ)

sdsm

Би можело да ве интересира

Филипче: Власта да каже дали имаат сериозен план за одблокирање на евроинтеграциите

Горан Наумовски18/07/2025 - 19:45

(ВИДЕО) Кузеска: Се претвараме во јужноамериканско гето каде полицијата буквално нема контрола над одредени делови од земјата

Горан Наумовски18/07/2025 - 16:00

(ВИДЕО) Костова: Мицкоски гази по достоинството на родителите на жртвите, излезе на виделина суровоста и ароганцијата

Горан Наумовски18/07/2025 - 14:13

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја претвора М-НАВ во партиска филијала, партизацијата пред избори е во ек

Горан Наумовски17/07/2025 - 14:19

(ВИДЕО) Манасиевски: СДС се очајни, немаат кандидат за Скопје, молат луѓе да се кандидираат

Горан Наумовски17/07/2025 - 12:08

(ВИДЕО) Кузмановска: ВМРО-ДПМНЕ го остави студентскиот дом „Кузман Ј. Питу“ под клуч

Горан Наумовски17/07/2025 - 12:0517/07/2025 - 12:06
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен