Ракометарите на македонскиот шампион Металург вечерва во Париз го играат натпреварот од 7. коло од А групата против ПСЖ. Тешко е да се очекува Металург по низата проблеми да оствари добар резултат на гостувањето кај фаворитот ПСЖ. Француската екипа со победа во овој дуел ќе биде многу блиску до пласман во нок аут фазата. Почетокот на натпреварот е во 19 часот.
На вчера одиграните дуели Вардар го победи Целје со 34:32, а Барселона на нашиот Кирил Лазаров триумфираше над Алингсас со 42:29. Лазаров постигна 12 гола и со вкупно 57 е лидер на листата на стрелци пред Момир Илиќ од Веспрем.
Двојки и резултати од 7. коло:
А група: ПСЖ – Металург играат вечерва. Мешков Брест – Ла Риоха 33:33, Кил – Загреб 34:27.
Табела: Кил 12 бода, ПСЖ 8, Ла Риоха 7, Загреб 6, Мешков Брест 5, Металург 2.
Б група: Барселона – Алингсас 42:29, Бешикташ – Висла 30:33. Флензбург – Колдинг играат вечерва.
Табела: Барселона 13, Колдинг 10, Висла 7, Флензбург 6, Алингсас 2, Бешикташ 2.
Ц група: Вардар – Целје 34:32, Веспрем – Чеховски Медведи 38:31, Монпеље – Рајн Некар Ловен 29:33.
Табела: Веспрем 14, Вардар 9, Рајн Некар Ловен 8, Монпеље 6, Целје 4, Чеховски Медведи 1.
Д група: Мотор – Пик Сегед 25:29. Киелце – Кадетен и Алборг – Данкерк играат вечерва.
Табела: Киелце 12, ПИК Сегед 12, Алборг 5, Мотор 4, Кадетен 3, Данкерк 2.