Во Франција е започната онлајн кампања за собирање средства за фотографирање и документирање на стотина видови сирење, односно создавање на првата интернет енциклопедија за сирење „Викичиз“.
Според весникот „Мондо“ проектот има за цел да собере 5.000 евра за попис и фотографирање на 200 до 365 видови француско сирење, што е еден од симболите на познатат галска кујна.
Идејата за содавање на „Викичиз“ според иницијаторот на проектот доаѓа откако се покажало дека на Википедија речиси и да нема податоци за регионалните, помалку познати видови сирење.
– Размислуваме за тоа речиси цели три години, изјави Пјер Ив Боден, фотограф аматер и љубител на сирење, кој стои зад акцијата.
Според него на Википедија речиси и да нема кулинарски фотографии или тие се со лош квалитет. Поради тоа сака да создаде база на фотографии на повеќе видови сирње.