Тајванскиот премиер Ѓан Ји-хуа денеска поднесе оставка откако опозицискиот кандидат Ко Венје победи на локалните избори во Тајпеј.
Со победата на Венје се става крај на 16-годишното владеење со градот на Националистичка партија Куоминтанг (КМТ). Изборите за градоначалник во Тајпеј претставуваат тест за довербата на прокинеската влада на претседателот Ма Јинг-џеу.
Денешната победа на 55-годишниот лекар е пораз за КМТ пред претседателските избори за помалку од две години. Од 1996 година досега, секој претседател на Тајван претходно бил градоначалник на Тајпеј.
Конечните резултати се уште треба да бидат потврдени од Централната изборна комисија.