Над 470.000 жители на Украина од почетокот на април влегле во Русија, од кои половина се пријавени за добивање привремен азил или статус на бегалци, изјави денеска заменикот шеф на руската Федерална служба за миграција Јекатерина Јегорова.
Според Јегорова Русија од почетокот на кризата има воспоставено либерален режим за бегалците од Украина, јави ТАСС.
– Ги продолживме дозволите за престој за лицата што се уште немаат добиено статус на бегалци, ги зголемивме квотите за издавање дозволи за привремен престој и издаваме работни дозволи без квоти. Освен тоа, тие лица може да добијат привремен азил во рок од три дена, изјави Јегорова.