(ВИДЕО) СДСМ: Наместо казни за граѓаните – субвенции за енергетски објекти

Од:

„Социјалдемократскиот сојуз бара укинување на драконските казни за граѓаните што ги воведува Владата на ВМРО-ДПМНЕ во градежништвото, преку предлог измените во Законот за градење.

Власта на Никола Груевски воведува глоби до 3.000 евра за граѓаните, доколку по извршена значителна реконструкција на некој објект не обезбедат сертификат за енергетски карактеристики.

Бараме глобите да бидат укинати, а државата да ги превземе трошоците за овој сертификат кој го бара од граѓаните“, рече на денешната прес-конференција Благој Бочварски, претседател на Комисијата за транспорт и врски.

„Наместо продолжување на праксата од драконски казни за граѓаните, СДСМ предлага конкретна мерка за субвенционирање на секој граѓанин кој ќе реши енергетски да го изолира својот објект.

Субвенционирањето се однесува на директна финансиска помош од Буџетот на Република Македонија која ќе изнесува 20% од вкупната инвестиција на граѓаните.

На пример, доколку инвестицијата за објектот изнесува 10 илјади евра, 2 илјади евра се враќаат назад кај граѓаните.

Мерката за субвенционирање би се однесувала за новите станбени објекти, но и за постоечките објекти, кои немаат енергетска заштита.

За подобрување на енергетската ефикасност, државата ќе треба да одобри субвенционирање на граѓаните за:

1.       Изолација на плафонот или таванот на највисокиот кат од објектот;

2.       Поставување на надворешна топлинска изолација;

3.       Замена на прозорците и

4.       Изолација на плафонот на подрумот.

На овој начин се добива до 70% заштеда на енергија во објектите.

Граѓаните ќе плаќаат три пати помали сметки за струја, но и помали сметки за парно. Ќе се намали увозот на струја, ќе се заштедат многу пари, а ќе се намали и загадувањето на воздухот“, рече Благој Бочварски, претседател на Комисијата за транспорт и врски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Советник на Мицкоски за нов уставен судија – толку од независноста на судството

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Филипче: Државата е заглавена, ова е старото ВМРО од времето на Груевски

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Корупцијата цвета, Македонија е на ниво на Буркина Фасо и Танзанија

А1он

СДСМ: ДЕА доставила податоци до македонското и српското обвинителство за скандалот со пет тони дрога