Ракометарите на Вардар вечер на домашен терен во СЦ „Јане Сандански“ играат натпревар од 7.коло од Ц групата во Лигата на шампионите и со триумф пред своите навивачи ќе бидат чекор поблиску до второто место во групата во однос на конкурентите.
Во Скопје гостува словенечкиот тим Цеље, екипа против која Вардар во првото коло на гости постигна победа од 27:26. За тренерот на Вардар Раул Гонзалез проблем покрај добрата форма на противникот се и повредите неколку играчи на Вардар.
Почетокот на натпреварот е во 19 часот.
Вториот наш претставник во ова натпреварување Металург дуелот од оваа рунда го игра утре во Париз против ПСЖ.
Од македонските екипи попладнево во рамките на Челинџ купот реванш дуелот од 3.коло го играат и ракометарите на битолски Пелистер. Тие пред своите навивачи го пречекуваат екс европскиот првак Дукла од Прага, а гостите од Чешка имаат предност од десет голови од првиот дуел (34:24). Почетокот на натпреварот е во 18 часот.