Камерон побара од ЕУ подршка за неговите антиимигрантски мерки

Од:

Британскиот премиер Дејвид Камерон денеска побара поддршка од лидерите на земјите-членки на ЕУ за неговите најнови мерки за воведување контрола во движењето на европските имигранти.

Во долго најавуваниот говор на Камерон околу намерата на официјелан Лондон да ги ограничи правата на имигрантите од ЕУ кои сакаат да работат и да живеат во Велика Британија, тој изрази уверување дека сите нови мерки ќе се применат во британската пракса, што според него, би била добра основа за да се агитира за останувањето на земјата во Унијата, пред планираниот референдум во 2017 година.

Камерон, кој зборуваше во една фабрика во Западен Мидлендс, рече дека намалувањето на имигрантите од ЕУ ќе биде приоритетно прашање во идните британско-европски преговори околу статусот на Велика Британија во Унијата и предупреди дека доколку мерките што ги заговара Лондон не бидат дел од реформите на ЕУ, тогаш тој е подготвен да ја „извлече земјата од членството во Унијата“.

Британскиот премиер ги промовираше мерките за кои веќе се зборува во британската политичка јавност, дека државјаните на ЕУ кои сакаат да живеат во Велика Британија, ќе мора да работат и да придонесуаат за британската економија најмалку четири години пред да може да се јават како баратели на социјални бенифиции за себе или за своите деца.

Со новите мерки британските власти ќе може да ги враќаат оние европски имигранти кои и по шест месеци во Велика Британија не нашле работа. Владата ќе воведе и ограничување на правото на овие имигранти да го донесат членовите на своето најтесно семејство.

Европејците од новопримените земји во ЕУ не ќе може да бараат работа или да се населуваат во Велика Британија се додека државата од каде тие доаѓаат не закрапне економски, за да се приближи до средните стадарди на развој што важат за целата Унија.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство