Папата промовира верски дијалог во Турција

Од:

Верскиот дијалог би можел да го продлабочи разбирањето и почитувањето на многу нешта кои ни се заеднички, рече денеска папата Франциск, на почетокот на својата тридневна посета на Турција.

Поглаварот на Римокатоличката црква, за време на својата посета ќе се обиде да го засили дијалогот меѓу верските заедници.

Папата Франциск, по пристигнувањето во Анкара, се сретна со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, а за утре е предвидено да замина во Истанбул, каде ќе ги посети верските историски наследства. За време на престојот во Истанбил, римокатоличкиот поглавар ќе се сретне и со вселенскиот патријарх Вартоломеј.

Посетата на Турција се смета за особено ризична, особено зашто северните делови на Сирија, кои се граничат со Турција, се под контрола на џихадските екстремисти на Исламска држава. Токму поради ваквата ситуација, во Анкара се ангажирани 2.700 полицајци, додека во Истанбул 7.000 полицајци ќе се грижат за безбедноста на поглаварот на Римокатоличката црква./Мета

Би можело да ве интересира

Ватикан ги откри најновите информации за здравствената состојба на папата

Ана Ололовска

Папата им ги изми и бакна нозете на 12 млади затвореници

Ана Ололовска

Ватикан: Папата Франциско има тешка настинка

Ана Ололовска

Папата Франциск го осуди насилството во Израел и на Западниот Брег, повика на дијалог и потрага по мир

Ана Ололовска

Папата: Хомосексуалноста не е кривично дело, сите сме Божји деца

А1он

Италијанската премиерка во прва официјална посета на папата Франциск

Ана Ололовска