Кипарскиот претседател ќе поднесе оставка ако се докаже неговата вмешаност во продажбата на „Сајпрус ервејз“

Од:

Кипарскиот претседател Никос Анастасиадис денеска изјави дека ќе поднесе оставка доколку бидат пронајдени докази дека на некаков начин е вмешан во процедурата за продажба на националниот авиопревозник „Сајпрус ервејз“.

Анастасиадис побара од jавниот обвинител и од претседателот на Комисијата за етика во Парламентот да ги истражат тврдењата дека тој директно или индиректно е вмешан во продажбата на авиопревозникот со посредство на неговата адвокатска канцеларија, која во краток период претставувала еден од кандидатите-купувачи.

Тој истакна дека откако е избран за шеф на државата и ја напуштил адвокатската канцеларија, се договорил со претходните партнери да не претставуваат никого, чии интереси се поврзани со управувачки одлуки.

Анастасиадис додаде дека откако дознал дека канцеларијата го претставува заинтересираниот купувач на кипарскиот авиопревозник во раната етапа од процедурата, тој побарал раскинување на договорот и тоа се случило.

Државата е сопственик на 84 отсто од националната авиокомпанија „Сајпрус ервејз“. Властите почнаа да бараат стратешки инвеститор откако во последните години компанијата се соочи со финансиски проблеми и стигна речиси до банкрот во услови на тешката економска криза на островот.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит