Наместо темнина, небезбедност и стари бандери, општина Центар постави нови канделабри и ги осветли улиците „Црвена Вода“, „Мајаковски“ и „Благој Давков“, сите во Дебар Маало.
На улиците „Црвена Вода“ и „Благој Давков“, на 180 метри во должина поставена е нова инсталација со по 8 канделабри, со висина од 4 и пол метри.
Наместо со живински светилки, како досега, новите се со натриумски, имаат долг век на траење и даваат поголема светлина.
Во земја е пуштена инсталацијата и сите изведби се согласно европските стандарди. Интервенциите се извршени и по укажување на граѓаните кои живеат во овој дел од Ценарот, кои се жалеа и стравуваа за својата безбедност навечер, соопштуваат од општина Центар.