Машко-женските односи често пати им предизвикуваат главоболки и на возрасните и на децата. Сепак децата се поинвентивни по тоа прашање. Следуваат одговори на деца на возраст од пет до десет години на прашања во врска со бракот:
– Морате да се ожените за оној кој ќе го бакнете. Тоа е правило.
– Најубавото време за брак е кога имате 23 години. До тогаш имате цела вечност да ја запознаете личноста.
– За девојчињата подобро е да бидат сами, но момчињта мораат де се оженат, затоа што им треба некој да чисти по нив.
– За да успее бракот, морате на сопругата да и зборувате дека е убава, дури и кога изгледа како камион.
– Жената ја избираш по тоа дали го сака истото што и ти. Ако сакаш спорт, и таа мора да го сака спортот. И мора да сака да ти носи чипс и пиво.
– Кога ќе завршам градинка, ќе најдам жена.
– Никој не одлучува со кој ќе се венча. Господ тоа го одредува пред да пораснеме, а ние на крајот дознаваме со кој сме заглавиле.
– Не знам дали е подобро да се биде сам или во брак. Но знам дека нема никогаш да имам секс со жена.
– Светот не би можел да функционира без брак. Како на луѓето ќе им објасните од каде дошле сите тие деца?
– Бракот е досаден, но врските се интересни. За да запознаете некој, морате прво да се забавуввате. А дури и момчињата знаат да речат нешто памето ако ги слушате доволно долго време.