ОН: Вонредна состојба во Газа поради поплави

Од:

Агенцијата на Обединети нации за палестински бегалци (УНРВА) прогласи вонредна состојба во Газа поради поплавите што го зафатија градот по неколкудневните поројни дождови.

– Стотици жители на поплавените подрачја во северниот дел на Газа, од населбата Шеик Радван, се евакуирани од своите домови, се наведува во соопштението.

Во појасот Газа околу 100.000 Палестинци се уште немаат покрив над глава, три месеци по прекинот на огнот со кој се стави крај на 50-дневниот крвав судир меѓу Израел и Хамас, а изградбата на нови домови се уште не е почната.

Засега во областите во Газа зафатени од поплавите нема жртви, но ситуацијата е тешка, поради што УНРВА почна со испорака на гориво за општините, медицинските установи и постројките за снабдување со вода.

Претставникот на УНРВА Роберт Тарнер изјави дека агенцијата е многу загрижена поради обилните врнежи на почетокот на сезоната, како и разурнувањата и штетите за време на неодамнешниот конфликт.

Би можело да ве интересира

Хамас: Нема да има договор за заложниците додека не заврши војната во Појасот Газа

Америка стави вето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за прекин на огнот во Газа

(ВИДЕО) Газа: Најмалку 30 загинати по напад на зграда, главно жени и деца

Горан Наумовски

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски