Во Скопје 8 сообраќајки вчера, пајакот отстранил 58 возила

Од:

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно осум сообраќајни незгоди.

Од нив, четири се со последица материјална штета и три се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле еден сопатник, двајца пешаци и еден велосипедист.

Се случила и една незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил возач на трактор.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, се случила уште една незгода со мала материјална штета во која што е пополнет Европскиот извештај за случени сообраќајни незгоди.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се седум возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, 20 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, двајца возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосница, како и 22 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или, пак, го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото.

Со помош на специјалното возило „пајак“ од страна на сообраќајната полиција отстранети се 58 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје во рамките на своите активности ќе одржи едукативни предавања во ОУ „Стив Наумов“ кое се наоѓа во населбата Автокоманда на територијата на општина Гази Баба со учениците од второ и четврто одделение.

Денеска во времето од 11 до 17 часот по повод Денот на албанското знаме на плоштадот „Скендербег“ ќе се одржи културна манифестација. Околу 16 часот учесниците во манифестацијата ќе започнат да се движат по ул. „Џон Кенеди“ десно по ул. „Цветан Димов“ во продолжение по бул. „Крсте Мисирков“ десно по бул. „Гоце Делчев“ десно по ул. „Филип Втори Македонски“ и лево плоштадот „Скендербег“. За време на движењето на учесниците по горенаведените сообраќајници од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, односно сообраќајот ќе биде пренасочен по околните сообраќајници.

Во сабота, со почеток во 19 часот, во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во рамките на Лигата на шампионите ќе се одигра меѓународен ракометен натпревар помеѓу Вардар и Цеље, Словенија, а во недела со почеток во 17 часот на Националната арена „Филип Втори Македонски“ ќе се одигра првенствен фудбалски натпревар помеѓу екипите на Работнички и Вардар. Со цел непречено и безбедно одвивање на овие спортски манифестации, од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, а по потреба и пренасочување на сообраќајот.

Би можело да ве интересира

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

125 санкционирани возачи во Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он