Српска слава впишана во листата на Унеско за нематеријално богатство

Од:

Семејната слава е дел од Репрезентативната листа на Унеско за нематеријално културно наследство на човештвото, што претставува прво запишување на културни добра од Србија на таа листа. Одлуката за впишување на славата ја донел Меѓународниот комитет за заштита на нематеријално културно наследство на редовно заседание одржано денеска во Париз.

– Запишувањето на Репрезентативната листа на Унеско е од големо значење за српската култура и нејзиното нематеријално наследство. Тоа за Србија значи чест и престиж, но и обврска на државата членка да создаде неопходни услови за зачувување на нематеријалното наследство на својата територија, изјави Драча Мунтеан, помошник министер за култура.

Србија во 2010 година ја ратификуваше Конвенцијата на Унеско за заштита и зачувување на нематеријално наследство. За имплементација на Конвенцијата задолжено е Министерството за култура и информирање. Номинацијата за Семејната слава за впишување во листата ја подготви Етнографскиот музеј во Белград.

Би можело да ве интересира

Потпишан Меморандум за соработка во полето на гасниот сектор со Србија

Ќе биде сместен во стаклена, затемнета “кутија“, вака ќе изгледа сведочењето на момчето убиец

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ