(ВИДЕО) Жерновски: Власта ќе владее со казни додека народот не ја казни

Од:

Бомбата на Заев и на опозицијата, рече пред велешани лидерот на ЛДП, Андреј Жерновски, ќе ја заврши работата, но најголемата бомба е народот на Република Македонија. Тој ќе го зададе финалниот удар на власта.

За полнење на буџетот којшто се троши немилосрдно за барок и фасади се измислуваат разни казни, најновата е 1500 евра казна, ако реновирате дома а не сте добиле одобрение од власта. И додека нема греење во градинките, додека пропаѓаат болниците, власта даде 10 милиони за фасадата на Владата, 3 милиони за внатрешно уредување, 11 милиони за фасади во Скопје и 18,5 милиони евра за Панорамското тркало.

„Власта ќе владее со казни додека народот не ја казни“, рече Жерновски.

Тој посочи на податок кој го прочитал на интернет портал во кој пишува дека Македонија е меѓу земјуте кои вршат дигитално прислушување. Напишале дека имаат цврсти докази дека земји од регионот, меѓу нив и Македонија, имаат купено технологии и уреди за следење од компанијата Гама груп.

Ова, рече Жерновски им овозможува да ги следат и прислушкуваат дигиталните информации, интернет сообраќајот и мобилните телефони.

На листата на следење на ИП адреси е и Македонија и тоа преку реномирана компанија.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат