(ВИДЕО) Заев: Нашите бомби исто како и бомбите на Гемиџиите ќе го урнат теророт

Од:

Лидерот на СДСМ Зоран Заев од Велес ги повика сите слободоумни граѓани да соберат храброст и да не се плашат бидејќи оваа власт мора да замине.

„Доказите за грдото лице на Груевски и на оваа власт се во наши раце. Нашите бомби се со докази и како што Гемиџиите некогаш со бомби го тргнаа теророт така и ние со нашите бомби ќе го тргнеме. Ова ропство ќе замине“, рече Зоран Заев.

Заев говореше за тешката економска состојба во Македонија кога кредити се надвиснати над сите граѓани, кога сите сме во долгови и кога ѓаволски тешко се живее бидејќи власта само зема арач, ги затвора дуќаните, а и земјоделците лошо живеат.

„Медиумскиот протстор е под тотална контрола, тие ги купуваат медиумите кои треба да бидат колектив на власта. Понижувачка е и состојбата во образованието, екстерно ќе има, но за Груевски и за Владата. Не ни чинат работите, затоа не смееме при очи да бидеме слепи, при уши, глуви, а при очи слепи. Не треба никој да се избори за нас, сами треба тоа да го направиме“, рече Заев.

Тој посочи дека во парламентот не се враќаат не од инает туку поучени од потезите на Власта.

„Со стевчовци и бучковци ќе има само контролирана опозиција и тотална диктатура. Ние ќе докажеме колку безобразно власта злоупотребува се за да остане на власт. Во Парламентот не се враќаме се додека не се нормализира состојбата“, рече Заев.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат