ОПЕК не го намали дневното производство на нафта

Од:

Членките на Организацијата на државите извознички на нафта (ОПЕК) на денешниот вонреден состанок во Виена се договорија да не го намалуваат дневното производство на нафта, што се очекуваше да биде превентивна меркапротив забрзаниот пад на цената на енергенсот на светскиот пазар.

Генералниот секретар на ОПЕК, Абдалах Салем ал Бадри изјави дека е постигнат договор засега „ништо да не се менува“ во дневниот квантум на експлоатација на нафта.

Дванаесетте земји од ОПЕК се согласиле да остане нивото договорено во декември 2011 година, за произведство на 30 милиони барели нафта дневно.

– Ние не сакаме да креваме паника со избрзано решение, оставјќи прво да видиме како пазарот ќе се однесува во иднина, изјави Ал Бадри.

Веднаш по соопштувањето на одлуката на ОПЕК, на светските берзи дојде до нов пад на цената на нафтата, која сега се продава за 73 долари за барел. Ова е најниската цена на „црното злато“ од август 2010 година.

Само од јуни оваа година, цената на нафтата се намали за 30 отсто, но експерите на пазарот веруваат дека Саудиска Арабија, како најголем производител на нафта и земјите од Персискиот Залив, ќе може да издржат со волку ниската цена, без притоа да бидаат погодени нивните буџетски потреби.

На почетокот од оваа недела, Иран, Либија и Венецуела, а подоцна и Кувајт, најавија дека ќе побараат намалување на дневното производство за да се запре падот на цената, објаснувајќи дека во ваквата ситуација тоа е „неизбежно решение“ за да се врати стабилноста на цената.

Според проценките на ММФ и на „Дојче Банк“, најголем губитник од намалената цена е Либија, на која и е потребна цена од 184 долари за барел за да постигне баланс со домашниот буџет. Загуби трпат и Иран, Нигерија и Венецуела, додека Катар, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати засега може да го поднесат товарот од ниската цена.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото