Штајнмаер предупредува од опасност поради пресилни санкции спрема Русија

Од:

Шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмаер предупреди на опасноста од заострување на економските санкции спрема Русија и наведе дека не би требало цел да биде Русија привремено „да биде фрлена на колена“.

– Дали нашата смисла и нашата цел е Русија економски да се собори на под? Мојот недвосмислен одговор е – не. Не, тоа не е и не смее да биде смисла на санкциите, изјави Штајнмаер.

Тој додаде дека економски уништена Русија нема да може да даде свој прилог кон европската безбедност.

– Мора да бидеме свесни дека една изолирана Русија која економски можеби е пред колапс, нема да може да даде прилог за европската безбедност ниту стабилизација на Украина, туку може да биде поголема опасност за себе и за другите, нагласи Штајнмаер.

Би можело да ве интересира

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ

Протече планот на Шолц за крајот на војната, офанзивата на Курск ги направи работите многу комплицирани