Премиерот Никола Груевски кажа дека постои сериозна разлика помеѓу екстерното тестирање и државниот испит- првото е насочено кон наставниците, да провери дали ја дале точната оценка, додека второто кон студентите.
Државен испит има друга цел-фокусот е минимум знаење, не се занимава концептот колку оценил професорот, туку дали студентот има минимум знаење за шестка. Целта е да се натера студентот да го научи тоа што го пропуштил. Тука нема казни и награди за професорите, туку се фокусира на самото знаење на самите студенти. Така ќе биде и кај нас, минималната оценка мора да биде иста-шестка на Економскиот факулетет во Скопје треба да им исто значење со шестка на Економскиот факултет во Тетово, рече Груевски.
Прашањето го постави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски кој изрази голема загриженост што „некој ги манипулирал студентите“. Тој рече дека истражувал и пронашол дека ваков државен испит имало во „многу земји“, а секогаш како и сите и тој спомна само четири – Унгарија, Полска, Словачка и Чешка.
Груевски повторно кажа дека државниот испит ќе биде обврска од следната учебната година за новите студенти, а првото полагање ќе биде во 2017 година.
-Не е целта да се види дали студентот дали има знање за 10-ка туку за 6-ка, доколку нема да се натера студентот да има минимално знаење.Оние што протестираа и да сакаат нема да полагаат државен испит, зашто не се запишани во програма со која се предвидува државен испит. Студентите ќе треба да го полагаат овој државен испит во државни центри и ќе биде спроведен од Одборот за акредитација.
Ова е со цел да им се помогне на сите студенти-посебно на оние што без знаење дошле до позитивна оценка. Ако немаат навика за учење, ќе се покаже како штетна во натамошниот живот. Ова е и за студентите кои со знање ги полагаат испитите, да не бидат во нерамноправна положба.
Испитот ќе се полага компјутерски, нема да има препишувања, а резултаите сите ќе можат да ги видат веднаш, но и на огласна табла.
Испитот се дели на два дела, а дали ќе има устен испит уште не е одлучено. Нацрт законот ќе го усвои владата па ќе го оди на јавна расправа, по неа поворно ќе се врати во Влада со предлог на Закон, а потоа во Собранието на РМ.