Благојче Весиќ ја доби довербата од Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија, да ги води македонските ракометарки на последните два натпревари со Исланд во квалификациите за бараж за Мундијалот 2015 година.
Весиќ ќе ја извршува селекторската функција се до назначување нов предводник на „црвено-жолтите“.
По двата порази од Италија досегашниот селектор Ристо Магдинчев доби отказ, а Весиќ беше негов помошник.
Македонија на 3 декември гостува на Исланд, а три дена подоцна е реваншот во Скопје. За пласман во баражаот постојат само теоретски шанси, односно нашите ракометарки треба двапати да слават со островјанките, а тие пак двапати да се радуваат на победа против Италија.