Македонските и српските текстилни компании заедно пред европските партнери

Од:

Текстилни компании од Македонија и од Србија преку вмрежување заеднички ќе настапуваат пред европските партнери. Целта на вмрежувањето за кое денеска во Србија се одржуваат средби меѓу македонски и српски компании, е да се претстави поголем вкупен капацитет за производство, со оглед на тоа дека Македонија и Србија се меѓу најповолните дестинации за брза испорака на мали серии до европските производители на брендирана облека.

Средбите ги организира Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија, заедно со Стопанската комора на Србија и Текстилното трговско здружение на Македонија-Текстилен кластер, а поддржана од македонската Амбасад во Белград.

– Секторот текстил и облека е една од најважните индустриски и извозни гранки на Република Македонија. Стратешкото значење доаѓа од големината на извозот што овој сектор го креира (400 милиони евра годишно), од бројот на луѓе кои ги вработува (40.000) и од значајното учество во индустрискиот БДП на Македонија (17%). Целта на настаните е вмрежување на компании производители на текстил и облека од двете земји и остварување контакти од кои ќе произлезе конкретна соработка. Македонскиот текстилен потенцијал беше претставен  од страна на учесниците на настанот – производители на женска и машка горна и дола облека, џинс и фротир, вели Наташа Сивевска, извршен директор на Текстилниот кластер.

Вмрежувањето е корисно и заради отворање дискусија за понапредни облици на соработка, како заеднички развој, брендирање и настап на трети пазари.

Денешниот настан е еден во низата секторски B2B настани кои Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот ќе ги организира во соработка со Стопанската комора на Србија. Целта е и претставување на македонските текстилни производители на српскиот пазар и остварување контакти со текстилни компании, производители на облека, производители и трговци на такенини, производители на сопствен бренд производ, на облека за деца, застапници и друго.

Би можело да ве интересира

„Гласен текстилец“ со отворено писмо од македонските пратеници бара да се донесе петтиот сет мерки

Ана Ололовска

Текстилниот сектор пред колапс, работниците на принуден одмор, се чека петтиот сет мерки

Катерина Ѓуровски

Текстилците најавуваат до 20 отсто отпуштања ако не ја добијат навреме поддршката за плати

Ана Ололовска

Хелсиншки и Гласен текстилец бараат фабриките да не работат за време на полицискиот час

Ана Ололовска

Ангеловска: Извозот на заштитна опрема е речиси 300 отсто поголем во април, да се гордееме со домашните текстилни компании

Ана Ололовска

Најдобрите времиња на Комбинатот „Тетекс“ во државна сопственост

Драган Поповски