Гркинка на 50-годишна возраст го загуби денеска животот во близина на мостот на реката Квај, познат по легендарниот филм „Мостот на реката Квај“, кој е еден од стоте најгледани во светската филмска историја.
Жртвата, службеничка од Грчката амбасада во Бангкок, чие име полицијата уште не го соопшти, наместо да се качи во воз со семејството, паднала на шините од паралелниот колосек, пред воз од спротивната страна и починала на лице место.
Мостот на реката Квај и националниот парк во околината на градот Канчанабури во западниот дел од Тајланд се меѓу најпопуларните дестинации во југоисточна Азија.